Модерна поезија

image

Сакам да бидам глумица
во американски црно-бел филм.
Ќе глумам валкана блудница,
со високи потпетици и достоинство.
Всушност, кои сте вие да ми судите?

Ќе бидам облечена во тон,
црн фустан и бели бисери,
во црно-бел филм
со многу сиви нијанси.

Денес сум лик од филм,
утре ќе сум во музички спот,
ќе глумам оставена на тротоарот,
раслечена од сожалувачки погледи.
Ќе ја слушам вашата имагинација,
за богатата блудница,
за верната сопруга,
за изгубената другарка.
Ќе бидам хедонист и нихилист,
па кои сте вие да ми судите?

Во последно време,
се чувствувам ко промашен поет,
но денешната поезија е срање,
па кои сте вие да ме судите?

Leave a comment