Дилема

Патував со автобусот. Сама на двете седишта. Тоа би требало да претставува некој комфор, кој ми дозволува да избегам со мислите. Низ прозорецот, видов едно мало ритче, полно со мермерни споменици. Личеа на сончогледи, онака гордо издигнати, само што беа тешки, не можеа да се свртат кон сонцето. Под нив лежеа нечии сопруги и сопрузи, личности кои сме ги сакале или мразеле, богати и сиромашни, мали и големи луѓе. Но, тоа не е важно. Се прашувам каде со овој пораст на популацијата би ги сместиле мртвите, без се повеќе и повеќе да не му го  одземаат местото на живите. Зар вреди толку многу внимание им посветуваме на оние кои ја одиграле играта?

Сега, би граделе масовни гробници, облакодери како џиновски магацини за складирање мртви или би ги кремирале? Најдобро последното. Пепелта би ја чувале во украсни, мали кутии кои би ја разбивале монотонијата на домовите. Би можела да произведувам такви кутии. Капитализам. Ете, и мртвите биле корисни за нешто.

– Emmeranne

Leave a comment